Tрет пратеник ја напушти коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ

Пратеникот на Демократската партија на Турците, Јусуф Хасани, во Собранието ќе настапува како независен пратеник. Тој ја напушта коалицијата „За подобра Македонија“. За ова бил известен претседателот на Собранието, Талат Џафери..

Ова следува по одлуките за напуштање на коалицијата на пратениците Чедомир Саздовски од ГРОМ и на Амди Бајрам од Сојузот на Ромите. Демократската партијата на Турците има само еден пратеник, Јусуф Хасани, кој денеска го извести претседателот на Собранието за својата одлука.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top