Тревога во Европа, пристигнуваат терористи преку Балканот

Полициите и безбедносните служби на земјите од Европската Унија се ставени во состојба на максимална тревога поради заканата од нови терористички напади на исламски терористи..

Тие поради поразите ја напуштаат Исламска држава во Сирија и Ирак и се обидуваат, „особено преку балканските рути“, да стигнат до Западна Европа со задача да вршат напади.

Ова го пишува италијанскиот весник Република кој тврди дека „Европската Унија ги блиндира своитре граници“, особено откако на аеродромот Орли во Париз беше убиен исламски терорист кој се обиде да убие војници, полицајци и патници.

Република истакнува дека сите безбедносни сили на ЕУ се во состојба на најголема подготвеност, вклучувајќи ја и Италија која на 25 март ги дочекува шефовите на државите и владите на ЕУ кои во Рим ќе ја прослават 60-годишнината од формирањето на Унијата.

Поради губењето на териториите, тешките воени порази и нивните упоришта во Рака и Мосул пред колапс, лидерите на ИСИС ги испраќаат своите борци во Западна Европа за да „удрат врз Европа одвнатре“, пишува италијанскиот весник и укажува дека таканаречениот калифат на Исламска држава шири пропаганда преку интернет со порака до џихадистите: „мора да сеете смрт на Западот, убивајте ги насекаде“.

Република за тврдењата се повикува на разузнавачки извори и тврди дека „има сѐ повеќе знаци дека разбиени делови на екстремистите од Ирак и Сирија се обидуваат да се вратат во Европа, движејќи се најчесто по балканските патишта каде можат да сметаат на стара и нова поддршка“.

„Тие себеси се сметаат за следбеници на „хиџра“, светото заминување на Мухамед од Мека во Медина во 622 година, кое му овозможило да избега од непријателите и повторно да ги собере своите луѓе“, се вели во написот на италијанскиот весник.

Се додава дека „станува збор за борци кои не сметаат дека биле поразени и веруваат во верската задача без задршка, и се борци прекалени во месеците војување и спремни на сѐ“.

Според Република сериозна загриженост и страв предизвикува фактот дека поразите на Исламска држава ѝ дале полет на конкурентната исламистичка мрежа Ал каеда, чии борци сега сѐ пожестоко дејствуваат во Сирија и Либија, а се будат и заспани ќелии на Ал каеда низ Европа.

Анализите на разузнавачките и безбедносните служби покажуваат дека екстремистите покажуват дека екстремистите самоубијци немаат проблем, доколку немаат огнено оружје, да посегнат по ножеви, автомобили, камиони со една ужасна цел – да убијат, заклучува италијанскиот весник.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top