Три држави членки на ЕУ се против воведување нови санкции за Русија

Според нив, Германија била за воведување нови санкции, но неколку останати членки на ЕУ биле против, бидејќи постои почитување на договорот за прекин на огнот во Украина..

Претставници на државите членки на ЕУ вчера не одлучија за новите санкции за Русија поради украинската криза и денеска повторно ќе се состанат, соопштија европски дипломати.

Според нив, Германија била за воведување нови санкции, но неколку останати членки на ЕУ биле против, бидејќи постои почитување на договорот за прекин на огнот во Украина.

-Некои држави побараа повеќе време -рече италијанската министерка за надворешни работи, Федерика Могерини, која што од неодамна е нова европска претставничка за надворешни работи и безбедност.

-Единството околу ова прашање е апсолутно клучно и стратешки важно-изјави Могерини. Дипломатите потврдија дека државите кои имаат блиски односи со Русија, како Италија, Австрија и Финска не биле за воведување на санкции против Русија.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top