Три сообраќајки вчера во Скопје

Три сообраќајни несреќи се случиле во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје. Во две од нив имало лица со телесни повреди, а во една е причинета материјална штета..

Откриени и санкционирани се поголем број прекршоци, меѓу кои осум возачи се движеле со брзина поголема од дозволената, двајца возачи ги управувале своите возила под дејство на алкохол и биле исклучени од сообраќај, шест возачи не отстапиле првенство на минување на возилата во зона на крстосница, тројца возачи поминале на црвено светло на семафорот и 17 возачи управувале возила без возачка дозвола односно нерегистрирани.

Шеесет и три непрописно паркирани возила, санкционирани биле седум пешаци кои поминале вон обележан пешачки премин односно поминале на црвено светло на семафорот за пешаци.

Со помош на специјалното возило „пајак“ во текот на изминатиот ден отстранети се 54 возила кои биле непрописно паркирани.

Одделението за превенција при СВР Скопје вчера реализираше сообраќајна поука на која присуствуваа граѓани учесници во сообраќајот во својство на возачи, кои непрописно ги паркирале своите возила.

Во рамки на сообраќајно-воспитната акција „Да ги заштитиме децата во сообраќајот” Одделението за превенција денеска ќе реализира едукативни работилници за ученици во ООУ „Партение Зографски“ во општина Кисела Вода.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top