Тринаесет лица уапсени во Сараево и Коњиц поради злосторства против човештвото

Во полициска акција на државната агенција за истрага и заштита на Босна и Херцеговина (СИПА) во Сараево и Коњиц, утрово биле уапсени 13 лица осомничени за злосторства проитв човештвото.

Акцијата била изведена по наредба на обвинителството на Босна и Херцеговина, а уапсените се товарат дека предизвикале кривично дело злосторство против човештовото на подрачјето на општината Коњиц за време на 1992 година, пренесе „Аваз“.

Осомничените се приведени во службените простории на СИПА поради криминалистичка обработка, по што ќе бидат предадени на Обвинителството на понатамошна постапка.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top