Тривијализација на злото

Веле Митановски.

Шокантно: Јадат, море - ждерат, и серат!
Спавају, ждеру, и серу!

Вака, врз некои локални состојби (универзалното е, велат, во локалното!), ја засмејуваше публиката, извонредниот актер и директор на сараевскиот „Камерни Театар - 55” Емир Хаџихафизбеговиќ.

Смеа до солзи, смеа врз сопствената мака! Аплаузи на отворена сцена, уште една потврда дека хуморот, скечот ни се последната татковина! Се разбира, покрај јазикот, како што не учеше професорот Конески.

Спавају, ждеру, и серу! Така е во култната претстaвата „Жаба“, психолошка драма која се занимава со случувањата во едно постранзициско општество, актуелна тема во сите делови на поранешна Југославија. Приказната се случува во повоено Сараево и ги следи проблемите на четворица луѓе, кои всушност се проблеми на сите нормални луѓе кои живеат во еден уништен свет. 
Преставата е играна 250 пати во сите краеви на поранешната заедничка Ју-држава, но и во светот, а податокот дека, две години била на редовниот репертоар на белградското Атеље 212, кажува се.

Дента, кога се играше претставата (ете како космичките силе-таму некаде горе, ги посложуваат коцките -овде долу!), напишав времеплов на тема - ЖАБА: На денешен, пред две години, Бранко Тричковски, беше напишал: “Жабата што леташе треснува на земја!И на ова место сметам дека е соодветно да се каже дека паралелно со политичката обнова, нужна е и културна обнова на Македонија!”

Јас, беше сум додал: Така е Бранко, но, пред се, потребна е духовна и морална обнова!Вечер,пак, во предворјето на „Света Софија”, публиката ќе ја проследи култаната драмска претстава. „Жаба“ од Дубравко Михановиќ, во режија на Елмир Јукиќ, со „Камерни Театар 55”, од Сараево. Претстава, најавена како интимна игра, која носи ликови кои не се снаоѓаат во времето на транзицијата и времето на промените.

„Таа го дијагностицира времето во кое живееме. Проблемите и случувањата кои се исти, или слични, и во Босна и во Хрватска и во Србија, но и во другите краеви од поранешна Југославија. Постранзицискиот период со дисолуцијата на заедничката држава, бесмислата на срушениот систем на вредности, планетарната цивилизациска инверзија, цунамито на неолибералниот капитализам. Тоа е првенствено проблем на непостоење на комуникација и неможност да се слушне туѓото мислење, но и Приказната се случува во повоено Сараево и ги следи проблемите на четворица луѓе, кои всушност се проблеми на сите нормални луѓе кои живеат во еден уништен свет. Екстремна манипулација на лугето, од страна на властите”, објаснува Хаџихафизбеговиќ.

Ух, таа екстремна манипулација на лугето.Tаа латасовштина, таа минхаузеновштина која ВМРО ДПМНЕ и Пастирот ја доведоа до совршенство. Како во рекламата од охридските пицерии: Италијанците ја измислија-охриѓанците ја усовршија! По системот на индустријализација на свеста.

Ханс Магнус Енцесбергер, германски книжевник во есејот "Индустријализација на свеста", напишал дека човечката свест се фабрикува на подвижна трака како потрошувачка стока. Ова е време на деформација на личноста.Како лавот кога ќе го пуштиш од кафез, и во џунглата ќе се врти во круг.

Претстaвата „Жаба“ е психолошка драма која се занимава со случувањата во едно постранзициско општество, актуелна тема во сите делови на поранешна Југославија. Приказната се случува во повоено Сараево и ги следи проблемите на четворица луѓе, кои всушност се проблеми на сите нормални луѓе кои живеат во еден уништен свет.

Тоа е претстава која, на некој начин, ме детерминира мене и сето она низ кое јас поминав за време на агресијата на БиХ.Мислам дека е тоа претстава која е своевиден феномен. Десет години играме по цела Југославија и пошироко во Европа, ќе каже Хаџихафизбеговиќ.

Приказната е за повоено Сараево, за потрагата за смислата, фрустрациите, откривање на бесмисленоста која владее во разрушениот систем. Локална сараевска приказна за четворица луѓе од Сараево, но универзална бидејќи проблемите со кои се соочуваат ликовите се проблеми на сите нормални луѓе кои живеат во еден уништен свет.

Овој жанр е најтешкиот во театарот, психолошки реализам, сурово огледало на животот. Во тоа сурово огледало се огледуваме и ние: Јадат, море - ждерат и серат!Тричко вели просеруваат! Дедо ми Ангеле, Бог да му душа прости, велеше: Јадете како што јадат воловите. Баљош и Русе, двата дива, поради кои, дедо ми, во селото Мусинци, во плодна Пелагонија, пошто зашто, го продал муљкот, големото имање, на кое само една нива се ораше две недели.Причина: Баљош и Русе, научени да пијат директно од извор во Црвена Вода, со денови одбивале да се наведнат над маслосаната вода од пелагониските ендеци!

Сите вие што деновиве пишувате, дека јаделе како стока, не сте во право.Стоката знае кога е доста.Поедуцирана е од нашите копитари, кои не слушнале за советот на Французите, за кои оброкот е церемонија: Од трпезата се станува кога ти е најслатко! Тричко вели: Свињите ги изедоа коњите!Молчи Тричко, да бидеме среќни што не порачувале “селско месо”!? Многу дамна, на едни “Денови на македонското новинарство”, некаде на истокот, во едно градче со два ресторана, откако порачавме и изедовме “Селско месо”, а газдата “не закла!”, колегата до мене го повика келнерот и му вели: Од кое село беше човекот!?

Дента, кога Хаџихафизбеговиќ, повторуваше: Спавају, ждеру и серу, ти, се надмина себе си (“Слободен пачат”): “Нема полоша судбина за коњите од тоа да ги изедат свињи!”. Анализирајќи ги “коњските бахиналии на чафките”, “ждерачината како врвен достерел на вмронската власт” и калигулијанството, Тричко, дообјаснува дека “бифтеците од бизони ги порачувале со салата од сено и грубо рендани копита и заклучува: Ним да им сервираш и лајно, ако се вика Строганов и ако е муфте, ќе го изедат од мерак!”.
Молчи Тричко, да бидеме среќни што не порачуваа “селско месо”. Колкумина, од нас селаните, ќе одеа фира! Како Иди Амин, кога ја постројуваше личната гарда: “За денеска подгответе го поручникот – трет лево во вториот ред”!!!

Тое е бесмислата на срушениот систем на вредности, планетарната цивилизациска инверзија, цунамито на неолибералниот капитализам. Тоа е првенствено проблем на непостоење на комуникација и неможност да се слушне туѓото мислење, тоа е екстремната манипулација луѓето на денешницата. Време на неразбирање, осаменост, потрага по љубовта и смислата на животот. 
Но и време на постојана потрага на виновниците, време во кое, пропуштаќи сами да направиме битни промени во своите животи ( гандиевски реченo: Биди ти промената што сакаш да ја видиш во светот!), придонесовме, дозволивме - неукоста и грандиозноста на кичот да не завладеат и да не доведат до апсурд. До психо-реализмот, од текстот “Жаба” на познатиот хрватски драматург Дубравко Михановиќ.

Просторот и животот им го препуштивме на копитарите, кои ги запоседнаа кабинетите со шише прилепско пиво, дојдени директно од пред селските гранапчиња! Беше нормално да се очекува дека сите свои фрустрации ќе ги истурат врз јадењето и пиењето, уништувањето на се што е направено пред нив, за да го почнат одново, тој калигулијански пир на ждерење и кичесто просерување, чиј бербат остана да базди по целата земја, по се видливо и невидливо.

Добро предупредува Тричко.Да не се соблазнуваме премногу на ждерачките на копитарите,зашто постои опасност на тоа зло да му дадеме поблага, не вели - човечка димензија! Да го тривијализираме злото!Да западнеме во планетарната цивилизациска инверзија!Да не однесе цунамито на неолибералниот капитализам од македонски праисход! Не демне опасноста-испрдоците на копитарите после ждерот, да не заразат до степен да ни постанат терапија за нацијата!Да не надвладее мазохизмот на психолошкото опкружување!

Зашто, сепак, има светло на крајот од тунелот!

Плусинфо


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top