Трудо за скандалозната фотографија: Бесен сум на самиот себе ,тогаш не мислев дека е расистички

Кампањата на премиерот на Канада, Џастин Трудо, за националните избори доживеа удар кога вчера се појави фотографија од него со кафеаво лице на забава во 2001 година, пренесува „Метро“..

Магазинот „Тајм“ ја објави фотографијата, која била објавена во приватно училиште во британска Колумбија, каде Трудо работеше како професор пред да влезе во политиката.

Костимот на Трудо бил инспириран од Аладин.

– Бесен сум на самиот себе, разочаран сум, тогаш не мислев дека е расистички – рече Трудо за репортерите кои патуваат со него во неговиот авион.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top