Труење на свадба во Струга, десетина гости завршија во болница

Надлежните органи од Центарот за јавно здравје најавија дека ќе го испитаат овој случај..

Над десетина гости, кои присуствувале вчера на свадба во Струга, се затруле од храната и завршиле во болница. 

Неофицијално причина за труењето била тортата, но нема потврда за оваа информација се додека Агенцијата за храна и ветеринарство не испита примероци од храната.

Гостите синоќа биле примени во болницата во Струга со симптоми на дијареа и повраќање. 

По лекарскиот преглед биле пуштени на домашно лекување.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top