Тука е крајот: Руни си оди од Премиер лигата

По деценија ипол во елитната англиска фудбалска конкуренција, легендарниот англиски напаѓач Вејн Руни си оди од Премиер лигата на крајот од оваа сезона..

Негова следна дестинација најверојатно ќе биде МЛС и тоа тимот на ДЦ Јунајтед од Вашингтон. Агентот на Руни, Пол Стретфорд последните недели престојувал во американската престолнина каде ги дефинирал условите за трансфер на својот клиент.

Руни ќе си замине на крајот од сезоната и ќе потпише договор на 2,5 години, односно до есента 2020. ДЦ Јунајтед и лани се обиде да го донесе напаѓачот, но тој одлучи да остане уште една сезона во Англија по заминувањето од Манчестер Јунајтед. Во Евертон не ги оправда очекувањата, па крајот на кариерата ќе го дочека во САД.

Од Англија, Руни си оди со пет трофеи во Премиер лигата, по една во Лигата на шампионите, ФА Купот и Лигата Европа и еден куп индивидуални признанија.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top