Тукушто почна, а веќе е легенда: Солари е најуспешен тренер на Реал во последните шест децении

Неполна недела Сантијаго Солари е тренер на Реал Мадрид, а веќе може да се пофали со големо достигнување..

На првите два натпревари на клупата на европскиот првак, Аргентинецот има две победи, без примен погодок и со гол-разлика 6-0. 

Такво нешто не му успеало на ниеден тренер дебитант на Реал од Луис Карниља во 1957 година, односно пред 61 година.

Но, статистиката е чудна наука, повеќе покрива, отколку што открива, па така е и во овој случај. Првиот меч на Солари беше во Купот на Шпанија против нисколигашот Мелиља и прашање е колку може да се земе како веродостоен елемент за успешноста на аргентинскиот стручњак.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top