Турција им фрли око на „Сухоите“ доколку работата со F-35 дефинитивно пропадне

Турција ќе разгледа купување на руски борбени авиони доколку САД се откажат од испораката на ловците од петтата генерација F-35, пренесуваат бројни медиумски агенции..

Турција, исто така, работи на развој на сопствени борбени авиони и балистички ракети, пренесува интернет-порталот РИА „Новости“ повикувајќи се на извор на „Блумберг“.

Анкара се надева на некоја идна соработка со Москва кога станува збор за производство на ракети од нова генерација, наведува интернет-порталот ТАСС.

Турците се уверени дека системот за противракетна одбрана со голем дострел С-400 „Триумф“ подобар од американскиот пандан „Патриот“. Турското политичко и воено раководство смета дека руските системи се способни да го заштитат воздушниот простор над Анкара и Истанбул.

Истовремено, не седи со скрстени раце очекувајќи проширување на санкциите од страна на САД. Тие започнаа сериско производство на резервни делови за борбената техника од американско потекло која се наоѓа во вооружувањето на нејзината армија, пренесува интернет-порталот „Взгљад“.

САД интензивно се обидуваат да ја одвратат Турција од купувањето на руските системи С-400 „Триумф“. Од полето на дипломатскиот притисок акцијата премина на воено-економската арена каде што Вашингтон во еден момент отворено ѝ се закани на Анкара дека ако веднаш не се откаже од купувањето на руската воена техника, да заборави на американските авиони F-35.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top