Турција официјално се заканува со раскинување на мигрантскиот договор со ЕУ

Турција се заканува со раскинување на мигрантскиот договор со ЕУ.

Турција преку својот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во средата вечерта се закани дека еднострано ќе го раскине договорот за мигрантите кој во март 2016 година го потпиша со Европската унија и кој досега овозможуваше значително намалувањето на мигрантите и бегалците кон западноевропските земји.

„Можеме еднострано да го раскинеме тој договор. Сé уште не ги известивме нашите (европски) соговорници, сето тоа е во нашите раце“, изјави шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу во интервјуто за телевизијата 24TV, во периодот кога владаат големи тензии со неколку членки на ЕУ, Германија, Австрија и Холандија, поради забраната за учество на турските политичари на собирите на турската дијаспора во нивните земји во кампањата за референдумот на 16-ти април, на кој ќе се гласа за уставни измени со кои ќе се прошират овластувањата на шефот на турската држава.

„Отсега можеме да кажеме ’повеќе нема да го применуваме (договорот) и ќе биде готово. Не ние потребно ничие одобрување“, додаде Чавушоглу.

Шефот на турската дипломатија ѝ префрли на Европската унија дека не го исполни ветувањето за визната либерализација за турските државјани. Во Брисел сметаат дека турските закони за справување со тероризмот ги кршеле човековите права, и поради тоа не се прифатливи за ЕУ, поради што и не ја овозможи либерализацијата на визите за кусите престојувања на Турците во земјите на Унијата.

„Либерализацијата на визите е условот без кој не се може“, оцени Чавушоглу.

Договорот за мигрантитте ЕУ и Турција го потпишаа пред една година во Брисел, со цел да се запре секојдневниот прилив на илјадници мигранти и преку Егејот во Грција, а оттаму преку ткн Балканска рута кон западноевропските земји.

Покрај визната либерализација, беа предвидени уште некои отстапки, меѓу кои и финансиската помош за Анкара од 3 милијарди евра со можноста за продолжување на помошта која средствата ќе се потрошат, како и забрзување на со децении замрзнатите пристапни преговори меѓу ЕУ и Турција.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top