Турција предупредена од ЕУ за Кипар

Анкара да го почитува сувернитетот на Кипар, Европската Унија одблизу ги следи турските обиди за дупчење на нафта во кипарските води, предупреди Доналд Туск, претседател на Европскиот совет..

Претседателот на островската земја Никос Анастасиадес, вчера ги известил земјите членки за овие случувања и ја повикал Европската Унија да превземе санкции против лицата инволвирани во случајот со дупчењето во кипарските води.

Исто така, и Грција го поддржува ставот на претседателот на Кипар кој побарал оваа прашање да се третира како европско и ЕУ да го реши, бидејќи, унијата има посебен геополитички и стратешки интерес во зоната на источниот Медитеран, изјавил Ципрас.

Грција и Кипар побарале од Турција да се повлече и да не го прекршува меѓународното право, а пред се да се воздржи од провокации.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top