Турција продолжува со бомбардирање на курдските енклави во Сирија

По кратка пауза, турските авиони продолжија со бомбардирање на курдската енклава Африн, на северот од Сирија, објави агенцијата „Анадолија“. Според информациите, турските авиони Ф-16 синоќа извршиле повеќе напади..

Непотврдени извештаи од медиумите тврдат дека Турција деновиве го прекинала бомбардирањето откако Русија, која го контролира воздушниот простор во тој регион, го затворила небото над Африн, по уривањето на воениот авион во провинцијата Идлиб на 3 февруари.

Во текот на синоќешните напади турските авиони бомбардирале неколку локации во енклавата. Турција пред три недели почна офанзива со цел да ги протера борците на сириските Курди од Африн, кои ги гледа како закана поради нивните врски со курдските бунтовници на својата територија.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top