Турција со жалење констатира дека фирмите на ФЕТО сѐ уште работат во Македонија

Со жалење морам да констатирам дека училиштата, медиумите и фирмите на оваа терористичка организација сѐ уште се активни во Македонија..

Овие организации на ниту еден начин не ја претставуваат Турција, рече на вчерашната централна комеморативна програма „15 јули - победа на демократијата и националната волја" по повод одбележувањето на првата годишнина од обидот за државен удар во Турција, амбасадорката на оваа земја Тулин Еркал Кара.

На овој настан во организација на претседателството на Турската агеНција за соработка и кооординација (ТИКА) и под покровителство на Амбасадата на Република Турција во Скопје, присуствуваа заменик претседателот на Владата на Република Македонија Кочо Анѓушев, министерот за здравство Арбен Таравари, министерот без ресор Аднан Ќахил, амбасадорот на САД Џес Бејли, претставници на дипломатскиот кор, претседатeли на политички партии, како и претставници на граѓанскиот сектор.

Во името на Владата на Република Македонија пред присутните се обрати заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев кој рече дека ја има честа во името на владата да изрази солидарност со сите жртви на трагичните настани кои минатата година се случија на 15 јули во Турција.

„Македонија и македонската влада секогаш ќе биде на страната на демократијата и европските вредности во полната смисла на тој збор. Република Турција во нашата влада се гледа како голем пријател на Република Македонија и се гаеле секогаш пријателски односи од самиот прв ден на воспоставување на Република Македонија како независна држава. Ние сме благодарни што Република Турција во целиот пат на движењето како независна држава била искрен пријател и како таква сме ја чувствувале. Посебно е важно што Република Турција ја чувствуваме како голем економски партнер на Република Македонија", рече Анѓушев додавајќи дека економскиот развој на двете држави е фундамент во којшто двете држави ќе направат развој на сите полиња во нивната соработка.

Амбасадорката на Република Турција, Тулин Еркал Кара во својот говор рече дека 15. јули е „извонредна приказна за храброста искажана од страна на турскиот народ против извршителите на обидот за државен удар, терористичката организација ФЕТО“.

Амбасадорката потсети дека терористичката организација ФЕТО има свои организации и во Македонија, истакнувајќи дека во борбата против оваа терориситчка организација сѐ уште не се преземени конкретни мерки.

„Со жалење морам да констатирам дека училиштата, медиумите и фирмите на оваа терористичка организација сеуште се активни во Македонија. Ова посебно сакам да го подвлечам: овие организации на ниту еден начин не ја претставуваат Турција. Настрана што не ја претставуваат Турција, ги продолжуваат своите активности против Турција, негативно влијаат на односите помеѓу Турција и Македонија и чекаат прилика да ги затрујат постојните одлични односи помеѓу двете земји. Македонските раководители, веднаш по овој предавнички напад, меѓу првите покажаа солидарност со нашата земја. Знам дека во оваа борба Македонија е со нас", истакна Кара и потенцираше дека во тој контекст е многу важно на никаков начин да не бидат поддржани претставниците на ФЕТО во Македонија.

Таа потсети дека во претходниот период беше донесена одлука за окончување на активностите на организациите поврзани со ФЕТО, како и дека во таа насока сѐ уште не е направен соодветен чекор. Амбасадорката Кара рече дека еден од основните критериуми на Турција за односите со други земји, ќе биде и односот на тие земји во борбата со ФЕТО.

„Односите помеѓу Турција и Македонија се на едно толку завидно ниво што можат да послужат за пример кон сите други земји. Целосно сме уверени во тоа дека достојни на овие односи ќе соработувате во правец на преземање соодветни мерки кон институциите приврзани кон ФЕТО во Македонија. Оваа борба треба да ја извршиме рамо до рамо. Почитувани, големи се нашите очекувања од Македонија", pora;a амбасадрката Кара.

По повод одбележеувањето на 15. јули, годишнината од обидот за државен удар во Турција, претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов упати порака до претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган, којашто беше прочитана на денешниот настан.

„Во мое лично име и во име на граѓаните на Република Македонија остро го осудувам ваквиот чин насочен против демократски избраните власти на Република Турција. Насилството во било која форма и за било која цел е апсолутно неприфатливо. Им оддаваме почит и на лица кои херојски ги загубија своите животи, спречувајќи ги пучистите во остварување на нивните нелегални цели. Овие херои запишаа незаборавна историја", се вели во пораката на претседателот Иванов.

Пораки по повод годишнината од обидот за државен удар во Турција упатија и министерката за одбрана на Република Македонија Радмила Шекеринска и министерот за култура на Република Македонија Роберт Алаѓозовски.

Вчера вечер во Скопје, пред Амбасадата на Република Турција се собраа стотици граѓани за време на одржување на „Дежуртсво на демократијата" и одбележување на годишнината од обидот за државен удар кој го изведе терористичката организација ФЕТО, јави АА (Анадолу агенцијата). Собраните граѓани го носеа знамето на Турција, ја пееја песни и извикуваа слогани на поддршка на демократски избраната власт во оваа држава.

Амбасадорката Кара и пред присутните граѓани рече дека очекува во Македонија да бидат затворени сите институции поврзани со ФЕТО, терористичката организација, да бидат затворени „деветте училишта на ФЕТО и да им ги предадеме на Фондацијата Маариф. Бидејќи знаете дека секој ученик што учи во тие училиште, ќе се образува како еден милитант во Македонија. Ако и вие не сакате да живеете како нас, ве молам од денеска да се обидеме да преземеме мерки“, рече Кара во својот говор пред присутните.

„Дојдете заедно тука да ја завршиме оваа работа, во Македонија имаат 9 училишта, и тие ги именуваа по еден многу ценет поет. Ние го осудуваме тоа. Избришете го нашиот поет од вашите училишта, избришете ги од проклетите училишта. Нема да дозволиме да се образуваат милитанти од вашите гнезда, нема да дозволиме, до крај ќе се спротивставиме", истакна амбасадорката Кара во своето обраќање.

На 19 јуни Мевљут Чавушоглу, турскиот министер за надворешни работи имаше средби во Скопје со претседателот Ѓорге Иванов, со премиерот Зоран Заев и со неговиот колега Никола Димитров



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top