Турската полиција приведе 11 лица, меѓу кои двајца Македонци и заплени 346 килограми хероин

Турската полиција приведе 11 лица, под сомнение за трговија со дрога и заплени 346 килограми хероин во операција извршена истовремено во окрузите Истанбул и Хакари..

Операцијата била спроведена во соработка со турската разузнавачка служба МИТ. Во акцијата во истанбулското предградие Силиври и во градот Јоксекова во округот Хакари се приведени вкупно 11 лица, меѓу кои двајца Македонци, еден Иранец и осуммина Турци.

Хероинот во Турција бил внесен од Иран, а дрогата требало да биде доставена до земјите во Европа.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top