Турската полиција со солзавец ги нападна учесниците на маршот против насилството врз жените

Турската полиција растури вчера протест против насилството врз жените, користејќи притоа солзавец, јавуваат учесниците, сведоците и турските медиуми..

Полицијата прво барала од жените да го прекинат маршот кој се одржа на главната истанбулска улица Истиклал по повод Меѓународниот ден на борбата против насилството врз жените, пренесуваат агенциите. Солзавецот притоа бил користен во изолирани случаи.

На снимките се гледаат демонстрантите како извикуваат „Нема да бидеме тивки, не се плашиме, нема да се покориме“. Тие носеа и натписи со фотографија на Озгецан Аслан, турската студентка која беше убиена во 2015 година додека се спротивставувала на силување.

Насилството врз жените е раширен проблем во турското општество. Претходно месецов турската пејачка Сила Генџоглу ја потресе јавноста кога откри дека ја претепал нејзиниот поранешен партнер. Пејачката со тоа охрабри и други жени да проговорат за насилството.

Според податоците на турската платформа за правата на жените „Ќе го сопреме фемицидот“, само оваа година во таа држава се убиени повеќе од 300 жени.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top