Турски овоштари во посета на Демир Хисар

Четиричлена бизнис делегација од Турција денеска беше во посета на Општина Демир Хисар..

На средбата со градоначалникот Љупчо Блажевски, Турците се интересираа за слободни земјоделски површини во сопственост на општината или државата, погодни за садење на црешови насади. Турските овоштари, покрај другото истакнаа, дека според нивните истражувања, демирхисарското поднебје било едно од најпогодните за одгледување на квалитетна црвена и жолта црешна. Заинтересирани се, да насадат околу 20 хектари со црешна, да инсталираат систем „капка по капка“, да промовираат нови црешнови сорти, но и да го поттикнат локалното население да се занимава со овој бизнис за што однапред даваат гаранции за сигурен откуп на производството.

Градоначалникот Блажевски ги информира гостите, дека како најпогодна и најсоодветна површина е јужниот атар на селото Света, од  десниот брег на Црна Река, јужно од бетонскиот мост. Се работи за површина од околу 20 хектари земјиште во сопственост на РМ што катастарски е евидентирано како пасиште, но со спроведување на легална законска постапка, на истото може да му се изврши пренамена.

Повеке фотографии од настанот погледнете овде:


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top