Туск: Се е можно до новиот рок за Брегзит, 12 април

Претседателот на Европскиот совет , Доналд Туск изјави денеска дека се е можно до новиот рок за Брегзит , 12 април , доколку британските пратеници следната недела не го одобрат договорот за излез на Британија од ЕУ..

,,До 12 април се е можно: договор, подолго одлагање доколку Британија одлучи да ја преиспита својата стратегија или поништување на членот 50, што би значело откажување од Брегзитот” , изјави Туск на прес конференција во Брисел по завршувањето на состанокот на лидерите на ЕУ.

 ,,Секако повторно ќе се сретнеме пред овој датум , се разбира во присуство на премиерката Меј. “ , изјави германската канцеларка Ангела Меркел со најава за нов самит.

Првите луѓе на Унијата вчера и дадоа на Британија одложување на Брегзитот на 12 април , наместо рокот од 29 март , договорен за излез од ЕУ.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top