Тврдокорните се разочараа, Иванов не им го прими барањето за одземање на мандатот на Заев

Неколку таканаречни патриоски здруженија меѓу кои и Здружението на граѓани „Преродба“, Семакедонскиот национален совет „Македониум“ и МПЗ „Тврдокорни“ денеска организираа протестен марш со барање од Иванов да му го одземе мандатот на премиерот Зоран Заев..

Маршот го почнаа пред канцеларијата на ЕУ, а потоа продолжија кон претседателската вила на Водно. Таму сакаа да му го предадат барањето на претседателот Ѓорѓе Иванов. Но, кога пристигнаа, обезбедувањето им кажа дека Иванов си заминал.

-Македонските носители и бранители на државниот суверенитет имаат барање за одземање на мандатот на З.З. – СДС поради непридржување кон дадените гаранции и работењето против македонските национални и државни интереси, а за туѓи интереси и рушење на државата. Со одземањето на мандатот ќе биде овозможено да се преземат сите неопходни мерки за заштита на уставниот поредок и државата од сите дејства со кои земјата/државата (Р. Македонија) и македонскиот народ се ставаат под директна мирна окупација, стоеше во соопштението од „Тврдокорни“.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top