Уапсен поранешен ЦИА агент осомничен за компромитирање на кинески доушници

Поранешен ЦИА агент осомничен од страна на иследниците дека ѝ помагал на Кина да ги уништи разузнавачките операции на Соединетите Американски Држави и да ги идентификува доушниците е уапсен..

Апсењето на поранешниот агент Џери Чун Шинг Ли (53) ја затвори интензивната истрага на ФБИ започната околу 2012 година, две години откако ЦИА почна да ги губи своите доушници во Кина. Иследниците се соочија со долготрајна мистерија: Како имињата на толку многу ЦИА извори, меѓу најстрого чуваните тајни на агенцијата завршуваат во кинески раце?

Некои разузнавачки службеници веруваа дека списокот на доушниците го открива крт во ЦИА. Други сметаа дека кинеската влада ги пробила тајните комуникации на ЦИА користени за разговори со странски извори на информации.

Сепак, други поранешни разузнавачки службеници, исто така, тврдеа дека разузнавачката мрежа можеби била осакатена од комбинацијата на двете, како и од некомпетентноста на службениците на агенцијата во Кина. Контраразузнавачката истрага за тоа како Кинезите успеваат да ги фатат американските агенти претставувала извор на конфликт меѓу ЦИА и ФБИ.

Ли работел за ЦИА од 1994 до 2007 година, по што отпатувал за Хонг Конг.

Воениот рок го служел во САД од 1982 до 1986 година. Во ЦИА почнал да работи во 1994 година, задолжен за тајни комуникации, регрутирање, работа со агенти и доушници.

Ли ја напуштил ЦИА во 2007 година, живее во Хонг Конг и работи за добро позната аукциска куќа. Тој беше уапсен на аеродромот Кенеди во Њујорк во понеделникот и беше обвинет во федералниот суд во Северна Вирџинија за незаконско задржување информации за национална одбрана.

Ли претходно патувал во САД во 2012 година за да живее со своето семејство во Вирџинија. За време на тоа патување, ФБИ агентите го пребарале неговиот багаж за време на неговиот престој во хотел во Хаваи и Вирџинија и пронашле две мали книги со рачно напишани белешки кои содржеле класифицирани информации. Подоцна се вратил во Хонг Конг откако бил испрашуван од ФБИ агенти во 2013 година.

Не е јасно зошто Ли одлучил да ризикува апсење доаѓајќи месецов во САД.

Во книгите пронајдени од агентите, Ли запишал детали за состаноци помеѓу ЦИА доушници и тајните агенти, како и нивните вистински имиња и телефонски броеви, според судските документи. Обвинителите рекоа дека материјалот во книгите ги отсликува истите информации содржани во класифицираните пораки што ги напишал Ли додека бил во агенцијата.

Повеќе од десетина ЦИА доушници биле убиени или затворени од страна на кинеската влада. До тој степен што мрежата на доушници била разоткриена, што бил катастрофален удар за ЦИА.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top