Уапсено момче кое ставало игли во јагоди - се шегувал

Полицијата во Австралија денеска уапсила момче , кое признало дека ставало игли во јагоди што се продавале во супермаркетите..

Полицијата во Канбера не ја открива возраста ниту името на момчето , освен дека е малолетник . Рекол дека ставал игли во јагодите низ супермаркетите зашто тоа му било забавно . Инаку ,поради неговата ,,забава “ илјадници фармери мораа да го фрлат овошјето , а рафтовите во супермаркетите со денови беа празни .

Полицијата распиша награда од 100 000 долари за оној што ќе понуди информација за лицето кое става игли , но денеска не соопштија дали момчето самос е предало или некој го открил и ја зел наградата.

Премиерот на Австралија , Скот Морисон , по повод овој случај што го потесе континентот , рече дека ќе се зголемат казните за оние кои намерно контаминираат храна. Така , сегашните 10 години ќе се зголемат на 15 години затвор.

За премиерот труење на јагоди со игли за шиење е рамно на тероризам и затоа ќе побара да се зголемат казните.

Во моментов се проверуваат 100 случаи на контингенти јагоди во кои имало игли низ целата земја , а биле произведени во Квинсленд. Игли биле пронајдени не само во јагоди , туку и во банани и во јаболка.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top