Уапсено уште едно лице осомничено за поврзаност со нападот во Лондон

Британската полиција уапсила уште едно лице под сомнение за поврзаност со бомбашкиот напад што се случи во петокот, оваа недела, во метро-станицата Парсонс грин во Лондон, јавува „Би-би-си“..

Станува збор за 21-годишно момче, кое синоќа било уапсено во западен Лондон. Осомничениот бил однесен во полициската станица во јужен Лондон, каде останува во притвор.

Вчера утро, во пристанишниот град Довер, полицијата уапси 18-годишно момче кое, исто така, се поврзува со нападот во лондонското метро.

Полицијата вчера почна претрес во куќа во Сунбери, која, кој што, како што пренесува „Би-би-си“ и натаму трае. Куќата му припаѓа на повозрасен брачен пар, познат по прифаќањето на стотици деца, вклучувајќи и бегалци.

Заканата од терористички напад во Велика Британија и понатаму е на највисоко – критично ниво, што значи дека постои реална опасност од напад.

Во детонацијата на импровизираната експлозива направа поставена во лондонското метро повредени беа 29 лица.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top