Убиен кандидат за советник од партијата на Рамуш Харадинај

Денеска во Косово се одржуваат локални избори.

Кандидатот за советник на Алијансата за иднина на Косово, Беким Биринѓику е убиен вчера во Србица, објави приштинскиот портал „Зери“.

Според порталот, повикувајќи се на сведоци, непознати напаѓачи отвориле оган врз кандидатот за советник на денешните локални избори од партијата на Рамуш Харадинај во момент кога тој разговарал на телефон на паркинг пред еден ресторан.

Од полициската станица во Србица не соопштуваат повеќе детали за инцидентот, но потврдиле дека убиството е извршено.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top