Учество на МНР Попоски на тркалезна маса на тема: Надворешната политика и аспекти на меѓународната дипломатија

Во организација на Фондацијата Конрад Аденауер и Институтот за демократија “Societas Civilis”, денес во Хотелот Stone Bridge се оддржа тркалезна маса посветена на надворешната политика и аспектите на меѓународната дипломатија во контекст на нашата дипломат.

Министерот Никола Попоски заедно со поранешните министри за надворешни работи, Денко Малески и Антонио Милошоски, ги презентираа своите видувања за минатите искуства и идни предизвици на нашата земја во надворешната политика.

Министерот Попоски во своето обраќање даде осврт на нашата актуелна состојба во регионални и глобални рамки упатувајќи неколку важни пораки.

1. Се соочуваме со забрзани политички текови во мултиполарен свет при што земји како Кина, Индија, Бразил добиваат се поголемо значење а нашиот регион не е повеќе во фокусот на вниманието.

2. Во услови на меѓузависност помеѓу земјите неопходна е поголема интеракција на истите. Поголема поврзаност на помалите земји меѓусебе е клучна. Неопходно е да се намалат бариерите во нашиот регион и да се поттикнат политички иницијативи.

3. Применувањето на принципот на soft power е важен за помалите земји и може да помогне во градење на мостови помеѓу соседите но и пошироко како најдобар начин за постигнување на  целите.

4. Нашите иницијативи во меѓународните организации, меѓудругото, за промовирање на универзалните вредности како што се човековите права одат во таа насока. Притоа, за Р. Македонија важна е истрајноста, конзистентноста и продолжувањето на редовните активности како што се бизнис промоција на земјата и развој на туризмот, во годините што доаѓаат.

Министерот Попоски, одговарајќи на неколку прашања од аудиториумот, во контекст на нашата перспектива, заклучи дека пречките кои ги имаме во нашите евро-интегративни процеси се базираат на фактот што очигледно се соочуваме со партнер во преговорите кои не сака решение на наметнатото  прашање околу името. Говорејќи за реалистичен и идеалистичен пристап, Попоски посочи дека Република Македонија е единствената посветена страна по ова прашање и тоа е реалноста.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top