УЕФА им се наврте на „граѓаните“: Сити ќе лета од Лигата на шампионите!?

Новиот првак на Англија, Манчестер Сити би можел да не игра идната сезона во Лигата на шампионите ако биде предлогот на УЕФА за бркање на клубот од ова натпреварување..

Причина за тоа е нарушување на финансискиот фер плеј откако УЕФА неколку месеци наназад сериозно го истражува работењето. Според Њујорк Тајмс, Сити го очекува долга правна битка без оглед на одлуката на УЕФА бидејќи досието на овој клуб по тоа прашање е подебело. Против клубот се води процес и за незаконско ангажирање млади играчи поради што Челси, Барселона и ПСЖ беа суспендираи за трансфери последните години.

Поради што во моментов е доцна, можно е Сити, сепак, да ја одигра идната сезона во Лигата на шампионите, а казната да следува за 2020/21.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top