УЕФА силно „удри“ по Белгија за да ги исплаши другите!

Останува да се види дали ваквото остро писмо ќе ги „исплаши“ Белгијците или, пак и други европски држави ќе го следат нивниот пример, пред сѐ поради желбата да го сочуваат здравјето на фудбалерите..

Одлуката на фудбалската федерација на Белгија за ставање крај на сезоната и прогласување на Бриж за нов шампион, во Европската федерација (УЕФА) беше сфатено како удар со „нож в грб“ односно проблем за нивните напори фудбалските првенства да се доиграат и покрај глобалната пандемија со коронавирусот.

Поради тоа, од Нион дојде експресна реакција односно критика на белгиското сценарио, кое може да ги охрабри и другите да го применат во своите првенства. Вакви најави веќе доаѓаат од Холандија.

„Уверени сме дека ќе има услови да се доиграат првенствата во наредните неколку месеци. Поради тоа, одлуката на белгиската федерација е избрзана и пред сѐ – неисправна. Ќе направиме соодветна промена на календарот и месеците јули и август би требало да бидат доволни за да се доиграат натпреварите“ , стои во соопштението на УЕФА.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top