УЕФА свика нова конференција: Се прекинува Лигата на шампионите!?

УЕФА вчера објави дека за судбината на Лигата на шампионите и Лигата Европа, кои беа прекинати на 13 март поради корона вирусот, ќе одлучува на нова видео конференција која ќе се одржи утре..

„УЕФА ги повика претседателите на сите 55 членки на видео конференција на 1 април за да се разговара за промената на термините на натпреварите. Исто така ќе стане збор за договорите и трансферите на фудбалерите“, објави УЕФА.

Неофицијално се зборува дека може да дојде до прекин на европските купови за што треба договор со сите членки на УЕФА. Во текот на викендот претседателот Александар Чеферин изјави дека ако пред крајот на мај не продолжи сезоната, таа дефинитивно ќе биде загубена.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top