Угриновски не сакаше да коментира дека водичот немал зимска лиценца: Вие не сте обвинител да ви одговарам

Претседателот на Федерацијата на планинарски спортови, Јовица Угриновски вечерва е гостин на телевизија 24 каде гости се и членови на планинарски друштва од Македонија..

Запрашан од едната гостинка планинарка за фактот дека водичот кој ја предводеше турата на Кајмакџалан при која загинаа Калина и Александар немал зимска лиценца, Угриновски најправо ја праша од кое планинарско друштво е таа, а потоа и рече дека извештајот за турата е предаден во јавното обвинителство и тој нема неа да и одговара, бидејќи таа не јавен обвинител.

При крајот на емисијата прашан од новинарката дали водич со летна лиценца може да организира зимска тура иако нема зимска лиценца, Угриновски рече дека тоа е дозволено и дека може.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top