УКРАИНЦИТЕ ГО ПОДДРЖАА ТРАМП: Негираат дека тој барал од Зеленски да го истражи синот на Бајден

Пристајко рекол дека тоа бил долг и пријателски разговор, кој се однесувал на бројни прашања, на некои од кои требало да се дадат многу сериозни одговори..

Доналд Трамп не вршел никаков притисок над украинскиот претседател Владимир Зеленски во текот на нивниот телефонски разговор, кога, според некои шпекулации, тој барал од украинскиот лидер да се распита за синот на експотпретседателот на САД, Џо Бајден, соопштил украинскиот министер за надворешни работи.

-Знам за што разговараа и мислам дека немаше никаков притисок – рекол украинскиот шеф на дипломатијата Вадим Пристајко, вчера во интервју за украинската телевизија „Хромадска“.

Пристајко рекол дека тоа бил долг и пријателски разговор, кој се однесувал на бројни прашања, на некои од кои требало да се дадат многу сериозни одговори.

Агенцијата АП, повикувајќи се на неименувани извори. пренесе дека Трамп во јули од новиот украински лидер побарал да го истражи синот на поранешниот потпретседател на САД, Џозеф Бајден, кој е фаворит за демократски кандидат за претседател.

После тие обвиненија, Џо Бајден побарал од Трамп да се објави транскрипт од тој телефонски разговор, одржан во јули.

Украинскиот шеф на дипломатија е против тоа, оценувајќи дека Украина има право да си ги чува своите државни тајни.

Зеленски и Трамп треба да се сретнат во Њујорк, на маргините на заседанието на Генералното собрание на Обединетите Нации.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top