Умираат од ебола на улица

Само во оваа земја починаа скоро половина од вкупниот број починати од ебола во светот, иако претседателот на Пиберија тврди дека ситуацијата е под контрола..

Центрите за лечење ебола во Либерија се пребукирани со пациенти кои се болни или умираат. Пациентите ги делат креветите, а умрените од ебола лежат покрај заболените. Голем број оболени од ебола умираат сами на улиците.

Само во оваа земја починаа скоро половина од вкупниот број починати од ебола во светот, иако претседателот на Пиберија тврди дека ситуацијата е под контрола.

Заедницата е во страв поради вирусот и уплашените граѓани одбираат да умрат сами, без лекарска помош. Десетина жртви од ебола умираат во своите домови, што ги зголемува шансите за ширење на вирусот.

Службените податоци за бројот на жртвите не се точни, туку се многу поголеми, тврди „Скај њуз“.

Тимови составени од медицински лица секојдневно се борат против смртоносниот вирус. Тие доаѓаат кога семејствата ќе пријават смртен случај тие доаѓаат, но семејствата кријат дека роднините им починале од ебола. Не сакаат да бидат изолирани од целата заедница. Но, со тоа се доведуваат себе и другите во опасност.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top