Умре Дејвид Рокфелер, главата на „најмоќното семејство во светот“

Милијардерот, банкар и филантроп Дејвид Рокфелер почина во 102-та година од животот, морно во сон во својот дом во Покантико хилс, соопшти семејството..

Дејвид е најмладиот од шесте деца на Џон Д. Рокфелер јуниор и беше последниот жив претставник на својата генерација Рокфелерови.

Беше на челото на едно од најмоќните семејства во светот и по смртта на своите браќа и сестри стана „чувар“ на богатството и човекот кој управуваше со една од најголемите бизнис, но и филантропски империи на планетата.

Според податоците на магазинот Форбс, имотот на Рокфелер е проценет на две милијарди долари.

„Американскиот капитализам им донесе повеќе корист на луѓето од кој било систем во кој било дел на светот во нашата историја. Проблемот е да се погрижиме тој систем да се спроведува што е можно најефикасно и најчесно“, зборуваше Рокфелер.

Тој студирал на Харвард и универзитетот на Чикаго, отслужил војска, а потоа бизнис кариерата ја почнал во познатата банка Чејс, која, иако семејството имало само пет отсто удел, многумина ја викале „Рокфелер банка“.

По 35 години кариера од кои дваесет години на чело на Чејс Менхетн банката, замина во пензија во 1981 година, на 65 години.

Имаше огромно влијание во светот и е дел од генерацијата која ги концентрираше парите и моќта само во најтесниот круг на семејството.

Тој се сретнал со повеќе од 200 шефови на држави во над 100 земји од светот во својата кариера, а често беше пречекуван како и самиот да е највисок државник, пишува Асошиејтед прес.

По професионалната кариера, се трудеше да ја задржи моќта на семејството и се бавеше со хуманитарна работа, поради што го доби највисокото американско одликување за цивили – Претседателскиот орден на слободата во 1998 година.

Неговото семејство соопшти дека Дејвид Рокфелер донирал над две милиајрди долари на разни институции – од Рокфелер Универзитетот, преку Харвард, до низа музеи.

Дејвид Рокфелер беше венчан со Маргарет Мекграт од 1940 сѐ до нејзината смрт во 1996 и тие имаат шест деца.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top