УНЕСКО под притисок на Бугарија ги покри етикетите со Гоце Делчев

Регионалната канцеларија на УНЕСКО во Венеција испратила писмо во кое бара, сите етикети, вклучувајќи ги и оние на англиски јазик, а кои се однесуваат на Гоце Делчев и Знамето на Крушевската Република, презентирани на изложба во Белград, да бидат покриени.

Станува збор за патувачката изложба „Имагинарен Балкан, идентитетот и сеќавањата во 19-тиот век", организирана од оваа организација во Белград, пренесува News.bg.

Поради овој, како што наведуваат бугарските медиуми „гаф", бугарскиот национален историски музеј ја напушти изложбата во Белград, а министерот за култура, Петар Стојанович, изјавил дека изложбата нема да биде дозволена во Бугарија.

Реакцијата на УНЕСКО, кој е организатор на изложбата, доаѓа ден по острата реакција од бугарската страна, изразена преку бугарскиот министер за култура Стојанович и директорот на националниот историски музеј, Божидар Димитров.

Според Димитров, познат по постојаните провокации упатени кон Македонија, оваа наредба на регионалната канцеларија на УНЕСКО претставува успех на бугарското министерство за култура, кое одлучно се изјаснило против „двата фалсификати на бугарската историја“.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top