Унгарија мора да им исплати отштета на емигрантите, Орбан одлуката ја прогласи за апсурдна

Унгарскиот премиер Виктор Орбан ја прогласи за „апсудрна“ одлуката на Европскиот суд за човекови права со која од унгарската влад асе бара да им исплати отштета на барателите на азил од Бангладеш кои биле лошо третирани..

„Целата работа е апсудрна и несфатлива“, кажа жестоко антиемигрантски настроениот Орбан на државното радио. „Државата се казнува за тоа што ги спроведува своите закони“.

Судот во Стразбур во вторникот соопшти дека Унгарија мора на двајца државјани на Бангладеш да им исплати 10 илјади евра бидејќи во 2015 биле притворени три недели, па биле вратени во Србија.

Орбан смета дека таквата одлука им помага на „шверцерите, бирократите во Брисел и организациите кои се финансирани од странство“, реферирајќи на унгарската канцеларија на Хелсиншкиот комитет која правно ги застапувала емигрантите во Стразбур.

Орбан на врвот на емигрантската криза се истакна како лидер на фронтот во Европската Унија кој реши да ги спречи бегалците и емигрантите да влезат на нивните територии.

Иако сите држави на таканаречената балканска рута ги затворија своите граници пред една година, Унгарија под Орбан воведе најстроги мерки кои вклучуваат бодликави жици и строги закони кои ги криминализираат оние кои нелегално влегуваат во земјата.

Унгарскиот претседател Јанош Адер во средата потпиша закон со кој барателите на азил се сместуваат во специјални кампови на границата со Србија.

Меѓународната заендица остро ја критикуваше таквата мерка, прогласувајќи ја за прекршување на меѓународното право.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top