Унгарија со вето на изјавата на НАТО за Украина

Унгарски официјални претставници изјавија дека таа земја ставила вето на заедничката изјава на НАТО за Украина зато што не било спомнато „кратење на правата“ на унгарското малцинство во таа земја.

Унгарија истакнува дека измените на украинските закони за образование ги ограничуваат правата на малцинствата, а владата на Виктор Орбан упати критики поради одбивањето Украина да им допушти на Унгарците кои живеат во неа да имаат двојно државјанство. 

Се проценува дека во Украина живеат околу 125.000 Унгарци.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top