Унгарскиот министер ги нападна ОН и порача: „Никогаш нема да бидеме земја на мигранти“

Унгарскиот министер за надворешни работи ги обвини ОН дека изнесуваат лаги за миграциската политика на неговата земја и истакна дека таа „никогаш нема да биде земја на мигранти“..

Во говорот пред Советот за човекови права при ОН Петер Сијарто ги обвини „некои официјални претставници на ОН“, без да ги именува, дека „изнесуваат срамни и неприфатливи лаги за Унгарија“.

„Очигледно е дека официјалните претставници на ОН, кои ги изнесуваат овие лаги за Унгарија се пристрасни во врска со прашањето за мигрантите. Но, можам да ви кажам дека Унгарија никогаш нема да биде земја на мигранти“, додаде тој.

„Никогаш нема да му дозволиме на ниту еден единствен илегален мигрант да влезе на територијата на нашата земја“, истакна тој.

Унгарија на 11 септември ги отфрли критиките на високиот комесар на ОН за човекови права за својата миграциска политика, еден ден пред тоа известиле дека се запознале со „неверојатни извештаи“ во кои се наведува дека мигрантите во транзитната зона не добивале храна.

„Конструктивен дијалог со владите, пред преуранетото денесување заклучоци сигурно позитивно ќе делува на нашата заедничка задача за унапредување и заштита на човековите права на секое лице“, рече унгарската амбасадорка Сузан Хорват во Советот за човекови права на ОН.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top