УНХЦР: Седумнаесет земји прифатија да примат бегалци од Сирија

Седумнаесет држави, вклучително САД, Франција и Австралија, изразија согласност да примат бегалци од Сирија, соопшти денеска агенцијата за бегалци на Обединетите нации..

Засега имаме 17 земји кои ќе учествуваат во нашата програма во Сирија, изјави регионалниот претставник на УНХЦР Петер Кеслер.

Најмалку два милиони Сиријци се регистрирани како бегалци, а милиони се интерно раселени.

Засега сириските соседни земји Либан, Турција, Јордан и Ирак, обезбедија засолниште за најголем дел од бегалците. 



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top