УНИЦЕФ: Над 800 милиони деца во светот без услови за миење раце во училиште

Во заеднички извештај на УНИЦЕФ и Светската здравствена организација (СЗО) се предупредува дека повеќе од 800 милиони деца во светот се без услови за миење на раце во училиште..

Притоа се потенцира дека е неопходно да се воведат санитарни и хигиенски мерки со цел да се намалат шансите за ширење на Ковид-19, а се препорачува училиштата да обезбедат услови за редовно миење на рацете.

Во извештајот се предупредува дека во 60 отсто од најтешко погодените земји со коронавирус, училиштата немаат основни санитарни услови, а три од четири училишта немаат основни средства за миење на рацете од почетокот на пандемијата. Со ваквите загрижувачки податоци се опфатени 818 милиони деца ширум светот од кои 355 милиони деца во Северна Африка и во Западна Азија кои немаат ниту вода, ниту сапун во училиштата.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top