Униформиран напаѓач пукал кон џамија во Норвешка

Едно лице е повредено во пукање во џамија во близина на Осло, а осомничениот е уапсен, соопшти денеска тамошната полиција..

„Едно лице е повредено, но не знаеме детали за карактерот на повредата. Осомничениот е уапсен и полицијата е на местото на настанот“, извести полицијата на „Твитер“.

Пукањето се случило во исламскиот центар ал-Нур во Баерум, предградие на Осло.

Полицијата соопшти дека нема информации за можни други напаѓачи.

„Бел човек во униформа пукаше од огнено оружје и рани еден наш вработен“, изјавил служителот во џамијата, Ирфан Муштаг, за локален дневен весник.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top