Ураганот „Флоренс“ ги зеде и првите жртви

Ураганот „Флоренс“ ги зеде и првите жртви во Северна Каролина. Мајка и бебе загинаа кога дрво паднало врз нивната куќа, додека таткото се здобил со тешки повреди и е префрлен во болница..

Во градот е забележан уште еден смртен случај на жена која умрела по добиен срцев удар. Четвртата жртва на ураганот „Флоренс“ е маж кој загинал од струен удар, додека се обидувал да се засолни во налетот на ураганот. Официјални лица предупредуваат дека обилните дождови од ураганот Флоренс ќе траат со денови и дека жителите на Северна Каролина можеби ќе се соочат со најлошите поплави од почетокот на новиот милениум.

Флоренс во овие моменти и натаму е ураган од прва категорија со брзина на ветерот од 130 километри на час, иако на некои места се забележани и посилни ветришта.

Надојдената вода поради силните бранови и врнежи од дожд принуди телевизиска станица од Северна Каролина да го евакуира персоналот.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top