Уругваецот ќе си почека: Познато до кога Јунајтед нема да може да смета на Кавани

Како што е познаот, искуснит 33 годишниот напаѓач Едисон Кавани се пресели на „Олд Трафорд“ во последните часови од предониот рок..

Сепак Манчестер Јунајтед и тренерот Оле Гунар Солскјер ќе почекаат на неговото деби во дресот на „црвените ѓаволи“. Ова стана јасно откако беше соопштено дека Единсон Кавани нема да може да настапи на натпреварот против Њукасл Јунајтед.

Причината е што периодот на самоизолација за него сè уште не е истечен. Карантинот му истекува дури на 18 октомври.

Па поради тоа неговото деби најрано би биде против клубот во кој играше пред да дојде во Манчестер Јунајтед, а тоа е ПСЖ. Сепак и за овој меч од ЛШ Кавани е под знак прашалник со оглед на тоа што последнио официјален меч го одигра на 11. март и не се знае во каква физичка подготвеност е.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top