Уште еден доказ за хемијата во Барса: Откриено зашто танцуваше Меси при голот против Билбао

Познато е дека во Барселона не постојат кланови како во други клубови, Лионел Меси е срдечен со сите и ги пречекува како да му се најдобри пријатели..

Неговата врска со Луис Суарес е одлична, како на терените, така и надвор од него. Медиумите во Шпанија открија која била причината за танцот на аргентинскиот ас по голот што вчера го постигна против Атлетик Билбао.

Всушност, тој му го посвети голот на Суарес кој поради суспензија не играше, но го проследи натпреварот од ВИП ложата. Танцот, како што тврди Радио Каталонија, е нивна интерна прослава која ја правеле и во соблекувалната.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top