УШТЕ ЕДЕН КОСОВСКИ ЏИХАДИСТ УБИЕН ВО СИРИЈА

Уште еден млад Косовец, кој се борел на страната на џихадистичката група Исламска држава (ИД) е убиен во Сирија..

Станува збор за 28-годишниот Ваљон Чукофци од селото Црнила кај Урошевац, чија смрт ја потврдило и неговото семејство.

Според директор на косовскот Институт за меѓународни студии, Бедри Елези, Чукофци најверојатно се оженил во Сирија и имал деца.

– Чукофци за Сирија заминал 2014 година. Пред неколку месеци сакал да ја напушти Сирија и да се врати во Косово, со образложение дека е болен, но тоа не му го дозволила ИД, посочува Елези.

Убиството на Чукофци го потврди косовскиот Центар за безбедносни студии.

Безбедносните служби сметаат дека повеќе од 200 Косовци се уште се наоѓаат во конфликтните зони, вбројувајќи ги тука и околу 40 жени и 27 деца. На боиштата во Сирија и Ирак до сега е потврдено дека загинале повеќе од 60 косовски државјани, меѓу кои и озогласениот Лавдрим Мухаџери, кој беше водач на албанските џихадисти.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top