Уште еден лекар во Албанија ја загуби битката со Ковид-19

Уште еден лекар во Албанија почина како последица на Ковид-19, што е шестти лекар кој ја губи битката со опасниот вирус..

Станува збор за Зулиха Краја(78), познат хирург во пензија од Скадар,еден од основоположниците на современата хирургија во земјата. 

Таа по појавата на пандемијата се вратила да им помогне на колегите во Регионалната болница во овој град каде и се заразила. 

Била хоспитализирана пред неколку недели а последните денови интубира. 

Таа е сопруга на познатиот драматург Фадил Краја. Од 30 јуни кога битката со опасниот вирус ја изгуби Арјан Пуши, познат хематолог, професор на Медицинскиот факултет во Тирана, Краја е шести лекар кој умира како последица од Ковид-19. 

Сите со опасниот врус се заразиле од контакт со пациенти. 

Според Министерството за здравство и социјална заштита вчера регистрирани се нови 123 случаи со Ковид-19, или вкупно 9.967, излекувани се 150 односно 5.882 лица, додека починале пет пациенти или 306 од почетокот на пандемијата. Активни на болеста се 3.779 лица.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top