Уште еден здравствен работник заболе од ебола во САД

Данкан, кој вирусот го добил во Либерија, почина во болницата во Далас во средата. Името на здравствениот работник се уште не е познато..

Прелиминарни тестови покажале дека здравствен работник од болницата во Тексас е новиот инфициран со ебола. Тој бил дел од тимот што го лечел веќе починатиот, Томас Данкан, соопштувa Би-Би-Си. 

„Знаевме дека е можно да се случи и втор случај и се подготвувавме за оваа можост“, изјави д-р Дејвид Лакеј, комесар во Департментот за здравствени служби во Тексас. 

Данкан, кој вирусот го добил во Либерија, почина во болницата во Далас во средата. Името на здравствениот работник се уште не е познато. 

Ширењето на еболата се концентрира во пределите на Либерија, Сиера Леоне и Гвинеја со повеќе од 8 300 откриени и сомнителни случаи и најмалку 4 033 случаи на смрт. 

Се уште не е јасно дали здравствениот работник на кој тестот се покажа позитивен бил во во контакт со Данкан кога за прв пат се покажале можни симптоми или кога тој повторно беше примен во болницата. 

Здравствениот работник пријавил треска во петокот и бил изолиран и подложен на тестирање, се вели во соопштението од здравствените служби во Тексас. 

Повеќе тестови се извршени на американскиот здравствен работник по што ќе се пратат во Центарот за контрола и превенција на болести во Атланта. Ако се потврди дека е ебола, тоа ќе биде прв случај во кој инфекцијата почнала да се шири во САД. 

Медицинската сестра во Шпанија којашто беше заразена со треска, се здоби со вирусот додека се грижеше за пациентите кои дојдоа од Западна Африка.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top