Уште многу големо богатство лежи во старите песни

Сирто оро, старо охридско оро кое од неодамна на некој начин е во заштита на групата Чардак од Охрид..

Ова оро гo пресними и стави под трајно чување оваа група која е позната во зачувување на своето, особено специфичниот охридски мелос.

-Сирто оро е старо охридско оро, мора да остане во наследство на овој народ , бидејќи е едно од најубавите охридски ора, а песната што ќе ја снимиме е во моја изведба “Tајно Зоре се љубевме”, текстот е на Благоја Кајмаковски, аранжманот е на Златко Миладиноски. Оваа песна ја најавив уште кога го снимавме проектот но мислам дека прво треба да се даде акцент на групата а подоцна и на вакви соло песни, истакнува Златко од групата Чардак.

Во периодов кој следува од група Чардак најавуваат снимање на нови две до три песни, станува збор за стари народни песни, со право да се преснимат. Константно работење на ново но и да не се заборави старото, вели Златко.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top