Уште три кола, кој има полесен распоред – Ливерпул или Сити?

Двата кандидата за титулата во Премиер лигата конечно се израмнија по бројот на одиграни натпревари и на три кола пред крајот на сезоната се знае со каков биланс влегуваат во последните 270 минути..

Сити е прв со 89 бода, Ливерпул има еден помалку, но ниеден од нив не смее да си дозволи кикс. Тешко е да се каже кој има полесен распоред. Сити игра на домашен терен со Лестер, а гостува кај Барнли и Брајтон.

Ливерпул ги пречекува Хадерсфилд и Вулверхемптон, а оди кај Њукасл на Рафа Бенитес. Интересно е тоа што Сити се наоѓа во серија од 11 победи, а треба да стигне до 14 за да ја освои титулата.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top