Успешна тринаесеттата Тепавска добротворна средба

Синоќа во спортската сала на фудбалскиот клуб ''Илинден'' во Когарах се одржа тринаесеттата Тепавска добротворна средба..

Целокупниот приход што се отствари таа вечер ќе биде наменет за за реновирање на црквата ''Света Богородица'' во село Тепавци.

Господинот Гоце Стојчевски-гајдаџијата ја отвори свеченоста и збор им даде на Живка Петровска и Душко Петровски,ги поздравија гостите и им посакаа добредојде и им се заблагодарија за нивната посета, не само на тепавчани од Сиднеј,но и на другите гости специјално што допатуваа од Канбера,Волонгонг,Њукастл ,Ричмонд и од други места и дадоа голема поддршка средбата да биде успешна.

Голема благодарност до ВИС ''Македонски Бисери'' за одличната музика кои ги забавуваа гостите до раните утрински часови со народни македонски песни и ора.

Посебен белег таа вечер оставија нашите млади играорци од реномираното фолклорно друштво ''Илинден'' од Рогдаел, а посебно со сплетот Копачка.

За одличната храна се потруди ''Илинден'' Катеринг,сопственост на Љупчо Огненовски.

Им честитаме на организаторите, до година повторно да не канат.

Секоја година Тепавската асоцијација организира шише на лицитација,а оваа година шишето го купи Нада Кабровска.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top