Уставните амандмани ќе се разгледуваат до петок

Нацрт амандманите за уставните измени ќе се разгледаат оваа недела. Средбата на премиерот Зоран Заев со осумте исклучени пратеници од ВМРО ДПМНЕ се истакнала потребата за исполнување на предлозите..

Во амандманите што ќе бидат предложени ќе се вели дека измените ќе се спроведуваат по ратификацијата на договорот во грчкиот парламент.

По подготвувањето на нацрт амандманите, исклучената група на пратеници ќе ги разгледува амандманите за да утврдат дали нивните барања се опфатени.

Предлог амандманите ќе бидат разгледани и со другите парламентарни политички субјекти. Измените имаат за цел усогласување на Уставот со Договорот од Преспа и таму кај што се спомнува името Република Македонија да се додаде „Северна“, да се зајакнат одлуките на АСНОМ и да се дефинира и зајакне неделивоста и заштитата на територијалниот интегритет и суверенитетот на Македонија, како и грижата на државата за дијаспората. Владата има рок да ги достави амандманите до петок.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top