Уставните измени закажани за попладне в Собрание

Денеска на пладне за прв пат уставните измени ќе се најдат пред пратениците во собраниска процедура и со работа запонува Комисијата за уставни прашања, дoдека за во понеделник е закажана пленарната седница..

Расправата во комисијата може да трае најмногу 10 дена, а пратениците може да говорат повеќепати, но вкупно 20 минути.

Според одредбите од Деловникот на Собранието, целата постапка за промена на Уставот, ако се почитуваат крајните рокови, треба да трае околу три и пол месеци.

Постапката за измена на Уставот би одела во три фази. Во првата, Собранието, со двотретинско мнозинство треба да донесе одлука за пристапување кон измена на Уставот. Во втората треба да се утврдат нацрт-амандманите и за тоа е неопходно просто мнозинство или 61 глас. Третата и последна фаза е усвојување на амандманите за што е потребно двотретинско мнозинство или поддршка од најмалку 80 пратеници.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top